Home » ЦУК: Во тек е акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со седумгодишно дете

ЦУК: Во тек е акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со седумгодишно дете

by Журнал.мк

Денеска, доцна попладне, на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена е пријава за четири лица, кои планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно малолетно (седумгодишно) дете. Локација на настанот е патот од с.Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“).

Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес. Тим од три члена од ДЗС известиле дека тргнуваат на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрм предел меѓу с.Кожле и Велес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More