Home » Црногорските студенти испратија барања до премиерот на јапонски јазик

Црногорските студенти испратија барања до премиерот на јапонски јазик

by Журнал.мк

Црногорските студенти, кои бараат разрешување на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски, иронично надевајќи се дека тој ќе ги разбере подобро отколку на својот мајчин јазик.

Студентите бараат разрешување на црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот за одбрана и безбедност Алекса Бечиќ, кои ги сметаат за политички одговорни за крвопролевањето на Нова година на 1 јануари.

На протест во Подгорица претставници на неформалната студентска група „Камо сутра?“ преку разглас ги емитуваа барањата на јапонски за да ги слушне премиерот Милојко Спајиќ.

-Бидејќи нашиот премиер очигледно не ги разбрал добро барањата на црногорски, српски, хрватски и босански јазик, вечерва ќе ги повториме на неговиот мајчин јазик – јапонски – рече Итана Драгојевиќ, една од членовите на студентската организација.

Инаку, премиерот Спајиќ зборува јапонски, бидејќи живеел и работел во Јапонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk