Home » ЦРНА ГОРА СЕ ТРЕСЕ: Ќе падне ли денес владата на Кривокапиќ

ЦРНА ГОРА СЕ ТРЕСЕ: Ќе падне ли денес владата на Кривокапиќ

by Журнал.мк

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ изјави дека денес ќе биде сменет од функцијата во Собранието и дека владата ќе падне. Тој ги повика граѓаните да не излегуваат на улица, но и да не гласаат за „оние кои нема да ги застапуваат вашите интереси“ на следните избори.

Јасно ми е – утре ќе биде сменет премиерот. Утре ќе ја сменат оваа влада. Но, вие нема и не можете да го промените овој народ. Тој е посилен од која било политика – рече Кривокапиќ во своето обраќање до граѓаните.

Тој ги замоли граѓаните да не излегуваат на улица, велејќи дека „безбедноста на нас и нашите деца е поважна од сите игри и интереси.“ Кривокапиќ и се обрати на јавноста откако црногорските пратеници не го усвоија дневниот ред за одлучување за иницијативата за смена на вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ.

Кривокапиќ побара разрешување на Абазовиќ откако коалицијата „Црно-бело“ (ГП УРА и ЦИВИС) и пратениците од опозицијата побараа да се изгласа недоверба на Владата, за што Собранието ќе гласа денес.

Премиерот на Црна Гора порача дека Абазовиќ „заедно со поразената ДПС треба да и се изгласа недоверба на оваа влада“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More