Home » Ципрас: ЕУ треба да го реализира даденото ветување на Западен Балкан за да не загуби кредибилитет

Ципрас: ЕУ треба да го реализира даденото ветување на Западен Балкан за да не загуби кредибилитет

by Журнал.мк

ЕУ конечно мора да го реализира своето ветување кое го даде на земјите од Западен Балкан, бидејќи ако тоа ветување не е кредибилно, тогаш ЕУ ќе го загуби кредибилитетот надвор од границите, како меѓународна сила, рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина.

Тој додаде дека со исполнување на ветувањето, ЕУ ќе даде до знаење дека жртвите кои политичарите ги прават за мирно решавање на разликите не се игнорираат, туку носат бенефит.

-Активната билатерална и мултилатерлна дипломатија која цели кон мирно решавање на разлики сега е поважна од било кога, не само на Балканот, рече Ципрас.

Според него, се потврдило дека Преспанскиот договор е многу важен за мирот, за развојот и за соработката на овој дел од светот.

-Се потврди дека не само што тој е едиснтвениот пат за европска иднина на Северна Македонија, туку и за иднината на државата воопшто е да го почитува овој договор, рече Ципрас.

Тој додаде дека се надева оти новата Влада и политичко лидерство во Северна Македонија е свесно за значењето на Преспанскиот договор и што ќе значи неговото прекршување.

-ЕУ исто така треба да го сфати значењето на случувањата на Западен Балкан и да имплементира активни политики во насока на интегрирање на овој дел од Европа, рече Ципрас.

Тој додаде дека во овој период на кризи не смее да се дозволи Балканот да остане нерегулирана зона за натпревар помеѓу различни сили, бидејќи искуствата од минатото покажуваат дека тоа води кон трагедија.

-Да не дозволиме национализмот да расте во овој дел од светот, бидејќи видовме каде не однесе тоа со војните во поранешна Југославија пред само 20 години, рече Ципрас.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More