Цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 0.2 %. известуваат од Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.3 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.8 %.
Дека цените се скапи, согласни се и граѓаните кои велат дека тие особено покачувањето го чувствувствувале врз својот џеб
Во согласност со ситуацијата цените во угостителските објекти во ноември 2024 година во споредба со октомври е зголемен за 0.1 процент, а на годишно ниво за цели 6 проценти.