Home » Цените на нафтата близу 66 долари, во фокусот Кина и САД

Цените на нафтата близу 66 долари, во фокусот Кина и САД

by Журнал.мк

Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на меѓународните пазари над нивото од 66 долари, што ја одразува нервозата на трговците поради континуираните тензии во односите меѓу Кина и САД и сигналите од големите производители дека би можеле да ја зголемат понудата.

На лондонскиот пазар, цената на барелот попладне беше пониска за 37 центи отколку на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 66,18 долари. За истиот износ, барелот поевтини и на американскиот пазар, каде што се тргуваше за 62,42 долари.

Засебно Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) денеска објави дека вчера цената на барелот од кошничката на референтната кошничка нафта на нејзините членки паднала за 1,43 долари, на 68,83 долари.

Пазарите со нетрпение го очекуваат исходот од трговската војна меѓу САД и Кина оваа седмица. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано повторува дека е подготвен да преговара со Пекинг за царините, истакнувајќи дека тие ќе бидат „многу пониски“ од сегашните 145 проценти. Пекинг, пак, одговара дека услов за преговори е елиминација на американските царини, инсистирајќи на наплаќање реципрочни царини од 125 проценти за увоз од САД.

Објавата на неколку компании и здруженија дека Кина ослободила одредени производи од царински давачки донесе здив оптимизам кај трговците. Пекинг официјално не ја потврди оваа информација. Оптимизмот се намали откако портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи ја негираше изјавата на претседателот Трамп дека разговорите веќе се започнати.

Американско-кинеската трговска војна го загрозува растот на светската економија и побарувачката за енергетски производи. Сепак, понудата би можела да се зголеми, според информирани извори кои велат дека неколку членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија предложиле да се пласираат значително повеќе барели на пазарот во јуни отколку што е најавено.

„Трговците сега проценуваат дека цените на нафтата веројатно нема да растат и натаму во блиска иднина, со оглед на тековната трговска војна меѓу главните глобални потрошувачи и шпекулациите дека OPEC+ би можел да произведува со зголемено темпо во јуни“, објаснува Оле Хансен од „Saxo Bank“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk