Home » Цената на златото надмина 3100 долари

Цената на златото надмина 3100 долари

by Журнал.мк

Цените на златото денеска надминаа 3.100 долари за унца, при што инвеститорите стравуваат дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го ограничат економскиот раст, како и со континуираната побарувачка од централните банки.

На физичкиот пазар унца злато по пладне изнесуваше 3.117,29 долари и беше за 1,1 отсто поскапо отколку на крајот на тргувањето во петокот. Неговата цена накратко скокна на 3128,06 долари.

А кај фјучерсите на американскиот пазар златото денеска се тргуваше по 1,1 отсто повисока цена, по 3151,10 долари за унца.

Само од почетокот на годината златото поскапе за околу 18 отсто. Во 2024 година, неговите цени скокнаа за околу 27 отсто, поттикнати, меѓу другото, од побарувачката од централните банки. Во последно време, најавите за американски тарифи, исто така, обезбедија поттик за цените.

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе реципрочни царини во среда за сите земји кои воведуваат царини за американски стоки, а тарифите за увоз на автомобили треба да стапат во сила во четврток.

„Порастот на побарувачката за злато ја одразува вознемиреноста на инвеститорите за тарифите. Постојат стравувања дека (наметнувањата) ќе го ограничат економскиот раст“, ​​а тие стравувања ги поддржуваат цените на благородниот метал, објаснува Нитеш Шаг од WisdomTree.

Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на средствата во периоди на зголемена и политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Централните банки исто така се обидуваат да ги зајакнат своите биланси и да обезбедат снабдување во период на геополитички и економски тензии.

Цената на среброто на физичкиот пазар падна за 0,4 отсто, на 33,96 долари за унца. Платината и паладиумот поскапеа за 0,8 отсто, на 991,55 долари и 979 долари за унца, соодветно.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk