Home » Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година

by Журнал.мк

Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава порасна на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија.

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година

Амстердам, 10 февруари 2025 (МИА) – Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ).

Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март.

И покрај тој ценовен врв, цените на природниот гас на европските пазари во моментов се значително пониски од оние во 2022 година, кога на моменти достигнуваа нивоа од над 300 евра за мегават-час природен гас, јави ДПА.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk