Home » Цената на патарините да се намали за 50 отсто, предлага партијата Левица

Цената на патарините да се намали за 50 отсто, предлага партијата Левица

by Журнал.мк

Пратеникот од партијата Левица, Амар Мециновиќ на прес-конференција соопшти дека пратеничката група поднела предлог за измена и дополнување на Законот за јавните патишта со цел намалување на патарините за 50 отсто и сведување на оваа тема на законска материја:

„Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални тендери. Само во 2023 година државата наплатила 62 милиони евра од патарини, со што Македонија е меѓу земјите со најскапи патарини во регионот и на континентот. Со просечна цена од приближно 2,6 денари од изминат километар, со патничко возило од Б – категорија. За илустрација, еден штипјанец доколку работи во Скопје на годишно ниво плаќа 1.200 евра додека кај еден Австриец на годишно ниво плаќа 100 евра за користење на сите автопатишта во неговата држава” – истакна пратеникот Мециновиќ.

Првата измена што ја предлага партијата е патарините да се намалат за 50 отсто. Со овој Закон, износот што го плаќа народот за користење на патиштата ќе биде намален за половина, за сите категории на возила и втората клучна измена е тоа што висината на патарината и нивната наплата, за првпат ќе бидат регулирани со Закон, наместо со Правилник на Владата, затоа што сега, оваа материја се регулира со Правилник на Владата, а не со Закон.

„Сметаме дека ова ќе воведе транспарентност во носењето на одлуките поврзани со патарините, затоа што досега власта можеше кога ќе посака да ги зголемува патарините без никаква контрола. Зошто е ова важно? Додека Министерствата се преполни со криминални шеми на делење на милионски тендери, народот е оставен да плаќа за нивните глупости“, изјави Мециновиќ.

Партијата го повика Собранието веднаш да го усвои овој Закон, а од позиција на одлучување, Левицата би вовела вињета систем за нашите патарини.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk