Home » Цената на новата криптовалута на Трамп на неколку часа пред почетокот на неговиот нов мандат

Цената на новата криптовалута на Трамп на неколку часа пред почетокот на неговиот нов мандат

by Журнал.мк

Криптовалутата, објавена од Доналд Трамп на крајот на минатата недела, денеска ја зголеми својата цена за 73 отсто на 46,06 долари и пазарна капитализација од над 9 милијарди долари.

Позната како $TRUMP, таа достигна пазарна капитализација од 9,2 милијарди долари.

Трамп го најави лансирањето на новата криптовалута, чиј токен го носи неговиот лик од времето на неуспешниот обид за атентат врз него во јули минатата година.

Дури и играчите на пазарот на криптовалути беа изненадени од лансирањето на токенот, јавија американските медиуми.

Трамп вети дека ќе биде „криптопретседател“ и се очекува да издаде извршни наредби насочени кон намалување на регулаторните пречки и промовирање на широко усвојување на дигитални средства. Изгледите за олеснување на регулативата во секторот беше дочекана со ентузијазам од индустријата и го поттикна брзиот пораст на цените на биткоинот по изборната победа на Трамп во ноември.

По новоизбраниот американски претседател, неговата сопруга Меланија исто така објави свое меме за криптовалута. Токенот на идната прва дама се вика $MELANIA.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk