Home » Цената на еден стан се движи од 2500 до 3000 евра квадрат, тоа е најгорливиот проблем за еден млад човек, вели Јакимовски

Цената на еден стан се движи од 2500 до 3000 евра квадрат, тоа е најгорливиот проблем за еден млад човек, вели Јакимовски

by Журнал.мк

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски оценува дека во земјава не е најголемиот проблем цената на основните прехранбени производи туку главен проблем е цената на становите и дека „се вивнаа до небеса“.

-Цената на станот се движи од 2500 до 3000 евра (за м2) – тоа е најгорливиот проблем за еден млад човек, па и за мене како татко. Сакаш да му обезбедиш станбено прашање на своето дете. Ајде кажете ми еден полицаец кој ќе се вработи за 27 илјади стартна плата без тие додатоци. Па, кога ќе купи тој стан? Со 400 илјади не може да купи…, рече Јакимовски, додавајќи дека во салоните во земјава „нема веќе возило под 40 илјади евра“.

За обвинувањата во минатото од страна на власта и опозицијата дека е „соработник и член на урбаната мафија“, Јакимовски рече:

-Јас член на урбана мафија со вкупно изградени 37 згради во општина Карпош на три ката, а општина Аеродром со 200 изградени згради над 8 ката, таму не се членови на мафијата!? Јас сум имал станови, а они немале? Гледате ли во што се претвора општина Аеродром? Во џунгла на асфалтот, истакна градоначалникот.

Претходно Јакимовски кажа дека министерот за транспорт и врски Александар Николоски не дозволува нови градби во општината за да може да формира вештачко покачување на цените на веќе изградени згради на градители блиски до министерот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk