Home » Целосна функционална примена во 2025 година

Целосна функционална примена во 2025 година

by Журнал.мк

Информации за имплементација на системот „Сејф сити“ во Скопје за сторени сообраќајни прекршоци и санкции за сторителите.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева дека системот за безбеден град „Сејф сити“ би можел да има целосна функционална примена во текот на идната година. Тој рече дека претходните власти извршиле набавка, но не направиле стратегиски план како сето тоа ќе го стават во функција и не направиле законски процедури, каде точно треба да се имплементира тоа, како ќе се доставуваат казните, дали судот ќе може да одговори на предизвикот да постапува по десетици илјади предмети на месечна основа.

– По завршувањето на техничката влада и по формирањето нормална влада, се посветив круцијално особено на овој проект, затоа што сметам дека оние бројки што ги имаме од типот на 146, 126, 138 се бројки на луѓе што изгубиле живот како последица на сообраќајна незгода. Овие цифри мора да ги намалиме, целта на воведувањето на овој систем на сообраќајна култура е да ги намалиме овие бројки. Еден човечки живот нема цена. Поради тоа, мора да го имплементираме овој систем, но како што треба, мора да го поставиме целокупниот систем на здрава основа. Ако јас се прашувам, најдобро е да почне со функција во јануари, но тоа е невозможно, имајќи ги предвид сите овие чекори што треба да се преземат и би бил среќен доколку во текот на 2025 го пуштиме во финална употреба – нагласи Тошковски.

Тој појасни дека граѓаните ќе имаат временски период во кој ќе бидат предупредувани од страна на ова софтверско решение, кое ќе треба да ја процесира целокупната постапка. Министерот истакна дека тоа значи оти ќе има преоден период, кога граѓаните ќе можат да увидат на лична основа колкупати сториле одреден прекршок во делот на управувањето моторно возило и сите други сообраќајни правила што се пропишани.

Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање, со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви, чии бројки се очекува драстично да се намалат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk