Home » Цел свет ѝ честиташе на Шеќеринска, но не и македонскиот државен врв

Цел свет ѝ честиташе на Шеќеринска, но не и македонскиот државен врв

by Журнал.мк

За изборот на Радмила Шеќеринска за нова заменик-генерална секретарка на НАТО честитки пристигнаа од сите сојузници, па дури и од бугарскиот претседател Румен Радев, но изостана честитката од македонскиот државен врв.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, која во предизборната кампања бркаше гласови со тематика за зајакнување на улогата на жените во општеството, не го поздрави изборот на Шеќеринска, а честитка немаше ниту од премиерот Христијан Мицкоски, како ни од министрите за одбрана и надворешни работи, Мисајловски и Муцунски.

Ова е највисока позиција на која е назначен македонски функционер во историјата на државата, но очигледно тоа е недоволно за претседателката, премиерот и министрите за одбрана и надворешни работи.

Честитка дојде и од американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи ги прозва Владата и Мицкоски за поддршката на нејзината кандидатура. Агелер исткна дека назначувањето на Шеќеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство.

Шеќеринска на социјалните мрежи порача дека ќе ѝ биде чест да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО и дека ќе работи со сите сојузници за посилна и побезбедна Алијанса.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk