Home » Цеца и Теа Таировиќ за 70.000 илјади евра ќе бидат главни ѕвезди на Ромски бал во Скопје!?

Цеца и Теа Таировиќ за 70.000 илјади евра ќе бидат главни ѕвезди на Ромски бал во Скопје!?

by Журнал

ветлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ ќе бидат главни музички ѕвезди на познатиот „Ромски бал“ во Скопје, кој ќе се одржи на 18 јануари.

По тој повод ќе им пеат во Скопје на најбогатите Роми од овие простори и на тие кои живеат насекаде низ светот.

Како што дознава Курир.рс Цеца за овој настап ќе добие 50.000 евра, додека Теа се задоволила со цифрата од 20.000 евра. Ќе настапат и Џогани за 10.000 евра, како и Сара Рељиќ која склучи ангажман за 5.000 евра.

На овој 44-ти традиционален „Светски ромски бал“ во еден од најлуксузните хотели во Скопје, покрај пејачите од Србија, ќе пее и Мухарем Сербезовски, како и ромски музички ѕвезди од Северна Македонија: Бернат, Таркан, Џефрина и Цита.

Инаку, овој „Ромски бал“ организиран од Габриел Бајрам син на познатиот Амди Бајрам од Скопје, е еден од најпосетуваните и најгламурозните традиционални ромски настани во Европа и собира над три илјади луѓе од цела Европа.

Цената на билетот за овој настан е 3.000 денари по лице.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More