Home » Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица

Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица

by Журнал.мк

На граничен премин Богородица спречен е обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти денеска Царинската управа.

Случајот, како што е наведено во соопштението, е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини пронајде непријавени 1.944 парчиња сребрен накит со тежина од 5,4 килограми и две сребрени плочки со тежина од еден килограм. Дополнително во сандакот за алат под долниот кревет и под возачкото седиште биле пронајдени и 20 штеки цигари, меѓу кои „малборо“ и „мурати“.

– Сторителот откако ја натоварил стоката во Истанбул, се договорил да преземе две ќеси сребро и да го пренесе во Скопје за одреден надомест. Истите ги скрил во делот на фиоките кај совозачкото седиште и во делот на возачкото седиште позади пластиките кај електрониката, по што се упатил кон нашата држава, информираат од Царинската управа.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка.

Од Царинската управ соопштија дека мобилни царински тимови во два случаи спречија обид за шверц на 220 комплети алати, меѓу кои пили и циркулари.

Првиот случај е откриен при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, која била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Поради сомневање е извршена контрола на стоката при што биле пронајдени 192 комплети со рачен алат и 40 моторни пили, кои не биле опфатени со царинските документи.

Вториот случај е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Италија – Македонија при што во патните торби на еден од патниците биле пронајдени дури 28 парчиња употребуван електричен алат и полначи.

-Македонски државјанин преку граничен премин Табановце се обидел во државата да криумчари дури 250 парчиња икони. Во обидот е спречен од мобилен царински тим кој при контрола на автомобилот на различни места ги откри непријавените икони, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Царински службеници од царинска испостава Скопје 3, како што се додава во соопштението, запленија 5.475 кутии за школски прибор со ознаки на заштитени трговски марки поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk