26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Cupra Tavascan концепт

Најчитани вести

Cupra Tavascan e концепт на SUV купе кое покажува каде овој шпански перформанс бренд, кој е огранок на SEAT, сака да ја одведе технологијата која ќе се наоѓа под VW ID.3 и мноштво други електрични автомобили.

Јавното деби овој модел ќе го има на Frankfurt Motor Show, и има исклучително впечатлив дизајн кој ретко кого ќе остави рамнодушен. Каросеријата е направена од јаглеродни влакна, а алуминиумските бандажи од 22 инчи се дизајнирани да произведуваат минимална турбуленција.

Додека дизајнот на екстериерот е многу блиску до оној кој ќе се најде на продукцискиот модел, кабината е повеќе дизајнирана како концепт, од кој сега засега спремен за продукција е само 13-инчниот infotainment систем кој има комплетно нов графички и кориснички интерфејс, и ќе го има во идните нови Cupra и SEAT модели. Истиот е способен електрично да се ротира за да е свртен или кон возачот или кон совозачот, опција која е малку веројатно да биде овозможена кај моделите кои легално смеат да се возат на (обични) патишта. Инструмент панелот исто така е во форма на дигитален дисплеј од 12.3 инчи.

Cupra Tavaskan ќе го има најпотентниот погон кој е на располагање за архитектурата врз која ќе биде изграден, а ќе се состои од два електрични мотори (по еден на секоја оска), кои ќе овозможуваат погон на сите тркала, моќност од 306 коњски сили, забрзување од 0-100км/ч. за помалку од 6.5 секунди, додека батеријата од 77kWh ќе овозможува домет од 450км.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести