37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Corsa го заврши првиот квартал како бестселер во Обединетото Кралство

Најчитани вести

Продажбата на нови автомобили низ Европа полека се консолидира, но и оваа година бројките остануваат помали од периодот пред пандемијата.

Во Обединетото Кралство, месец март донесе прв раст на месечно ниво уште од август минатата година, а тоа значи 283.964 продадени автомобили.

Дизел изведбите во март биле спуштени на 10,8 проценти, што е пад за над 30 проценти во однос на истиот месец минатата година, а самополнечките и плаг-ин хибридите заедно со електричните автомобили стигнаа до пазарен удел од 19,3% (+80,4%).

Најпродаван модел во Обединетото Кралство останува Vauxhall (Opel) Corsa, моделот кој во март стигнал до 7.927 нови купувачи, оставајќи ги зад себе Ford Fiesta и Mercedes A-Class.

Corsa го заокружи првиот квартал како бестселер со 12.413 продадени примероци, а следуваат Fiesta и Nissan Qashqai.

Топ 10 најпродавани модели во Обединетото Кралство
(март 2021)

1. Vauxhall (Opel) Corsa 7.927
2. Ford Fiesta 7.406
3. Mercedes A-Class 7.012
4. Tesla Model 3 6.585
5. Nissan Qashqai 6.583
6. BMW 3 Series 5.681
7. Volkswagen Golf 5.194
8. Toyota Yaris 4.910
9. Ford Puma 4.886
10. Mini 4.883

Топ 10 најпродавани модели во Обединетото Кралство
(јануари-март 2021)

1. Vauxhall (Opel) Corsa 12.413
2. Ford Fiesta 11.645
3. Nissan Qashqai 10.739
4. Mercedes A-Class 10.169
5. BMW 3 Series 8.092
6. Volvo XC40 8.084
7. Volkswagen Golf  7.896
8. Kia Sportage 7.837
9. Ford Puma 7.561
10. Volkswagen Tiguan 7.384

Повеќе содржини за Opel:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести