Home » “Citroen” го претстави новиот “C5 Aircross”

“Citroen” го претстави новиот “C5 Aircross”

by Lina Muslija

Фокусот ќе биде ставен на електричната верзија со автономија од 680 километри.

На тековниот саем за автомобили во Париз, “Citroen” го претстави концептот на новиот “C5 Aircross”, кој ја најавува втората генерација на компактниот теренец.

Сериската верзија ќе пристигне во средината на 2025 година со опција за целосно електричен погон со максимална автономија од 680 километри.

 

 

 

Од “Citroen” велат дека серискиот модел ќе биде 95% сличен на претставениот концепт.

Францускиот производител се пофали дека првата генерација на “C5 Aircross” е „огромен комерцијален успех“, но додаде дека е време да се освежи.

Новиот “C5 Aircross” ќе се базира на механичката платформа “STLA Medium”, која може да носи и мотори со внатрешно согорување и електрични мотори.

 

 

 

Новата генерација ќе ја дели платформата со низа компактни теренци на “Stellantis”, вклучувајќи ги “Peugeot 3008” и “Opel Grandland”.

Сегашниот “C5 Aircross” започна да се произведува во 2017 година, а новиот исто така ќе се произведува во Рен, Франција.

 

 

 

“Stellantis” инвестираше 173 милиони долари во надградба на фабриката за производство на целосно електрична верзија.

“Citroen” не објави технички детали за следната генерација на “C5 Aircross”, но потсетуваме дека “Peugeot 3008” е достапен со 48-волтен хибриден погон, “plug-in” хибрид и неколку целосно електрични верзии со максимална автономија од речиси 700 km, па може да очекуваме слична, ако не и идентична понуда.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk