Home » Citroen го покажа изгледот на новиот C3 Aircross

Citroen го покажа изгледот на новиот C3 Aircross

by Lina Muslija

Кога Citroen ја најави новата стилска „кросоверска“ насока за најновиот C3 и електричниот пандан e-C3, останаа некои неодговорени прашања и дилеми околу тоа што може да добие новиот C3 Aircross за да се разликува во однос на „обичниот“ C3. Сега, на овие прашања добивме и одговор.

Втората генерација на Aircross добива неколку карактеристики кои ќе го разликуваат од C3, а најважната секако е просторот за повеќе патници. Издолжувањето на меѓуоскиното растојание му дава на малиот SUV опција за седум седишта за прв пат во своето постоење.

Citroen C3 Aircross

Citroen официјално го претстави новиот C3 Aircross и, како што се очекуваше, тоа е збир на производи од Stellantis со кои веќе сме запознаени. Очекувано, облините повеќе ги нема со што се усвојува обликуваниот дизајнерски јазик што веќе е виден на помалиот C3 со кого ја дели ажурираната „Smart“ CMP платформа, а новото корпоративно лого на Citroen го зазема местото на решетка чијашто мрежа ја следи шемата на двојниот шеврон на марката.

Во однос на пакувањето, Aircross внимателно го повторува неодамна претставениот Opel Frontera, кој повторно ја користи истата архитектура и ќе се натпреварува директно со Citroen за купувачи низ Европа. Ниту една од двете компании не ги откри димензиите на меѓуоскиното растојание на ниту еден автомобил, но Citroen вели дека Aircross е најголемиот во својата класа и причината поради која може да постави трет ред седишта внатре.

Она што е познато е дека вкупната должина порасна за 240 милиметри во однос на стариот Aircross, со што вкупната должина од браник до браник е 4.390 мм, а Citroen вели дека поисправеното задно стакло значи патници од третиот ред нема да мора да ги наведнуваат главите.

Погонски опции

Како и сите негови мали SUV ривали, Aircross не е наменет за поголеми излети надвор од патиштата, и покрај зголеменото растојание од подлогата, шипките на покривот и каросеријата. Citroen во оваа фаза не ги опиша деталите за погонските агрегати, но вели дека ќе бидат достапни сите погонски опции – мотори со внатрешно согорување, хибриди и електрични верзии.

Од она што го знаеме кога станува збор за групацијата Stellantis, C3 и Opel Frontera, можеме да очекуваме C3 Aircross да добие 1,2-литарскиот турбо мотор на групата под хаубата и со и без 48-волтна блага-хибридна помош. И за љубителите на ЕВ ќе има опција за целосно електричен погон напојуван од еден електричен мотор со 156 КС кој работи на предната оска и обезбедува опсег од 402 км.

Повеќе информации за новиот C3 Aircross би требало да дознаеме во наредните недели кога Citroen ќе објави дополнителни детали својот SUV, вклучително и снимки од внатрешноста.

Продажбата во Европа ќе започне подоцна оваа година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More