20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Citroën ја утврди формулата за обезбедување оптимална дремка на патниците во автомобил

Најчитани вести

Светскиот ден на спиењето се одбележува на 19. март, а годинава Citroën реши да соработува со експерт во оваа област за да испорача успешна формула за идеална „дремка“ за патниците во автомобилите.

Искуството ни покажува дека некои патници успеваат да заспијат во автомобил многу кратко по тргнувањето на одредена делница, додека останатите или се мачат да дремнат или пак никогаш не можат да си го дозволат тоа задоволство.

Британското претставништво на Citroën направи испитување на 2.000 Британци, во кое ги собра нивните искуства околу спиењето, во ситуација кога биле сопатници на возачот, па со помош на експертот Џејмс Вилсон понуди оптимална формула за решавање на овој проблем.

Анкетата покажала дека 37% од испитаниците имаат сериозни тешкотии во обидот да одморат додека патуваат, а 14% од учесниците рекле дека никогаш не спијат.

Citroën ги истражил и причините, односно условите кои придонесуваат за ваквите разлики, при што 55% од анкетираните порачале дека најважни се комфорните седишта, комфорното возење било решавачки услов за 49%, додека 26% сметале дека најважен е просторот за нозе.

Џејмс Вилсон ги имал предвид напредните функции на модели како Citroën C4 и C5 Aircross, вклучувајќи ги специјално подготвените седиште со дополнителни 15 милиметри пена за ефект на душек и заедно со францускиот бренд ја комплетираше формулата за оптимално спиење во автомобил.

Оптимално спиење во автомобил= Комфор (позиција на седење, должина на спиење, амбиент во кабината, простор за нозе, суспензија) – Дистракции во кабината (бучава, лоша подлога).

– Често имаме проблем да обезбедиме време за краток сон кој ќе ни врати дел од енергијата, па автомобилот може да биде идеално место. Обезбедувањето на сон од триесетина минути во текот на денот сигурно ќе има позитивен ефект врз луѓето, – вели Вилсон, кој напоменува дека повеќе од половина час спиење може да има контраефект.

Интересно е да се потенцира дека во истото истражување на Citroën, 66% од испитаниците рекле дека не им пречи како возачи, ако нивните сопатници заспијат во автомобилот, а просечно за „пристигнувањето на дремката“ се потребни 75 минути возење и таа најчесто се јавува на автопат.

Покрај седиштата од пакетот Advanced Comfort, францускиот бренд овозможува и иновативна суспензија со прогресивни хидраулични перничиња, како и одлична изолација во кабината на своите модели.

– Во ситуација кога повеќе од третина од патниците имаат проблем да спијат во автомобил, комфорот игра најважна улога во формирање на опкружување, во кое патицните би можеле да поспијат одреден период. Нашите истражувања открија дел од оптималните услови за да се обезбеди комфорно спиење, при што нашите автомобили се подготвени да понудат максимален комфор, – вели Уриг Друс од Citroën.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести