13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Citroen претстави две нови линии на C5 Aircross!

Најчитани вести

Citroen објави две нови верзии на својот модел Citroen C5 Aircross, наречени Business Feel и Business Shine.

Базиран врз спецификациите на Life Pack, варијантата C5 Aircross Business Feel има стартна цена од 28.240 евра, со вклучени давачки, што е нешто пониска цена од помалиот модел на Volkswagen Tiguan, кој се појавува во основна форма со цена од 28.935 евра.

Стандардните карактеристики вклучуваат алуминиумски тркала Swirl од 18 инчи, Silica Grey сиви навлаки на седиштата, двозонска контрола на климата, систем за навигација, дигитално радио, камера за возење во рикверц, откривање на слепи места, активен систем за сопирање во итни случаи, заедно со сензори за паркирање во задниот и предниот дел.

Грејачи на предните седишта, шофершајбната и Citroen ConnectedCam се како опција.

Од друга страна, C5 Aircross Business Feel користи бензински мотор PureTech со моќност од 129 КС, кој троши 5,2 л/100 км во просек.

Со почетна цена од 33.900 евра, моделот C5 Aircross Business Shine е за 1.000 евра поевтин од новиот автомобил Ауди Q3.

Оваа варијанта има додадено плус LED фарови и Led трепкачи, подебели странични прозорци, различни предни седишта, активна контрола на крстосување, препознавање на знаци и брави без клуч.

Опциите вклучуваат сегменти на кожа на седиштата во сива или крем боја и опција за деловен пакет што носи грејачи на предните седишта, гуми за сите временски услови, контрола на притисок во пневматиците, помош за искачување на рид, електрична сопирачка и панорамски покрив.

Клиентите можат да изберат помеѓу бензинските единици PureTech со 129 КС и моделите BlueHDi со ист број на КС, но во дизел варијанта, која за разлика од првата троши 4,1 л/100 км дизел готиво.

И во двата случаја агрегатите се во комбинација со осум степен автоматски менувач.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести