12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Chrome OS ќе овозможи синхронизација со Chromebook и телефон

Најчитани вести

Една од придобивките на екосистемот на Apple е безжичното синхронизирање на уредите во секое време. Microsoft проба сличен пристап со Your Phone апликацијата на Android телефоните за да ги синхронизира со Windows уредот на корисникот. Наскоро, Chrome OS ќе понуди повеќе со својата Phone Hub алтернатива за синхронизација со телефоните.

Функцијата Phone Hub ја откри XDA-developers тимот во септември, а креирана е на Chrome OS платформата, која веќе нуди интеграција со Android уредите и овозможува нови функции. Сега еден корисник на Reddit објави дека Phone Hub функцијата му е веќе достапна.

Оперативниот систем веќе нуди лесна интеграција со Android телефони за функции како што се пораки, Smart Lock и автоматски WiFi hotspot. Chrome OS Phone Hub ќе ги прошири phone-to-Chromebook функциите со додавање на нов кориснички интерфејс во таскбар и додавање на опцијата notification mirroring.

Во овој момент, Phone Hub за Chrome OS е функционален само за помал број корисници, бидејќи сè уште е во фаза на развој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести