15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Chrome 89 троши помалку меморија и побрзо ги вчитува табовите (ВИДЕО)

Најчитани вести

Популарниот интернет прелистувач сега ослободува меморија дури и во активниот таб, секогаш кога ќе процени дека тоа е можно.

Новата верзија на популарниот интернет прелистувач – Chrome 89 е дизајниран да ја користи компјутерска меморија на попаметен начин.

Според последните соопштенија на Google, Chrome сега ослободува меморија дури и во активниот таб, кога ќе процени дека тоа е можно. Една од ситуациите каде што ова може да се направи е кога скролате низ страницата, а во тој таб се наоѓаат големи слики кои веќе биле вчитани и стојат во кешот.

Покрај тоа, новата верзија ја намалува употребата на меморијата која ја користат табовите во позадина и на macOS (на Windows и Android постои веќе подолго време). Ова носи просечна заштеда на меморија од 8 проценти на macOS, а резултатот од енергетското влијание на Apple ќе се подобри до 65 проценти. Преведено на повеќе разбирлив јазик, тоа ќе прави Mac да се загрева помалку и ќе има помалку потреба за работа на вентилаторот, пишува Engadget.

Chrome 89 исто така го користи PartitionAlloc, напреден алокатор на меморија на Google за Windows и Android, кој ќе ја зголеми агилноста на прелистувачот до 9 проценти, а заштедите во користената меморија ќе бидат до 22 проценти на оперативниот систем Windows.

Кога станува збор за уредите со Android, прелистувачот се „препакува“ во согласност со новите можности на Play и Android, така што ќе биде постабилен на новите уреди со Android.

Воведена е и функцијата „Freeze-Dried Tabs“, која го забрзува покревањето на Chrome на Android до 13 проценти. Оваа функција работи на принципот на снимање на „полесни“ верзии на отворени табови, со големина на сликата на екранот, но дозволуваат лизгање и зумирање, а линковите остануваат кликабилни.

Овакви прикази на страници се видливи кога првпат го стартувате Chrome и остануваат активни додека не се вчита вистинската страница во позадина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести