Десет лица од поранешното кралско семејство на Грција денеска официјално добиваат грчко државјанство, педесет години по падот на монархискиот систем на владеење на последниот Крал Константин.
Како презиме за идентификација, фамилијата ќе започне да го користи Де Грес, што на француски значи „од Грција“. Политичарите од левото крило не се согласуваат со одлуката да фамилијата го користи ова презиме, кое според нив е благородничко и противуставно.
„Презимето кое го одбраа докажува дека тие се уште сакаат да го задржат митот“, изјави Никос Андрулакис, лидерот на главната опозициска партика ПАСОК.
Од поранешното кралско семејство изјавија дека изборот на презиме за нив претставувало многу важен момент и предуслов за повторно добивање на нивното државјанство, чија што загуба ги оставила како апатриди, а додатно им нанела значителен стрес.
Поранешниот крал на Грција, Константин Втори тронот го наследи во 1964 година, но неговото владеење траеше до 21 април 1967 година, која поради политичка нестабилност кулминирана со воен државен удар го симна од власт.
По падот на хунтата во 1974 година, преку референдум Грција се изјасни дека е против монархиска власт, што го направи Константин II последен владетел на грчкото кралство.
Две децении подоцна, во 1994 година Атина го одзема државјанството на последниот крал и дефинираше поседбни услови под кои тој и неговата фамилија ќе можат да се декларираат како Грци.
Левичарските партии истакнаа дека давањето на државјанство на кралското семејство е загрозување на демократијата и навреда директно насочена кон мигрантите кои со децении живеат и работат во Грција, и покрај тоа што ги исполнуваат сите потребни критериуми, се уште не можат да добијат грчко државјанство.
Дополнително, тие ја обвинија владата дека ова е само начин преку кој би добила повеќе гласови од народот за претседателските избори наредната година.
Од Владата, пак, сметаат дека решението на овој проблем со државјанството е чиста формалност и не претставува загрозување на демократијата.