Home » ЧИТАЧОТ ОД УСНИ ЈА ОТКРИ ПОЗАДИНАТА НА СКАНДАЛОТ МЕЃУ АКТЕРКИТЕ Што ѝ рекла Никол Кидман на Салма Хаек пред грубо да ја турне

ЧИТАЧОТ ОД УСНИ ЈА ОТКРИ ПОЗАДИНАТА НА СКАНДАЛОТ МЕЃУ АКТЕРКИТЕ Што ѝ рекла Никол Кидман на Салма Хаек пред грубо да ја турне

by Lina Muslija

Холивудските актерки Никол Кидман и Салма Хаек неодамна позираа со пејачката Кети Пери по ревијата на „Баленсијага“ која се одржа во рамките на Модната недела во Париз. Снимката на која Кидман ја оттурнува својата колешка стана вирална на социјалните мрежи и многумина се прашуваа дали има тензии меѓу актерките.

Снимките од инцидентот што се случи на 30 декември во француската престолнина првпат се појавија на 30 септември и предизвикаа лавина реакции.

Сега британскиот вештак и форензичар Џереми Фримен откри за американскиот портал „Пејџ сикс“ што ѝ рекла Кидман на Хаек пред таа да ја турне.

„Да се ​​свртиме таму. Добро, тука“, тврди читачот од усни дека Салма Хаек ѝ рекла на Кидман, а Кидман наводно ѝ рекла: „Еј, добро сум, добро сум. Ете, доста е, во ред е“, а потоа ја оттурнала.

Салма тогаш рекла: „Мораме…“ и ја ставила раката на рамениците на пејачката Кети Пери која во тој момент била со нив.

„Тоа е добро“, рекла Салма потоа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk