25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Чиле размислува за задолжителна вакцинација против ковид

Најчитани вести

Парламентот во Чиле разгледува закон со кој вакцинацијата против коронавирус ќе биде задолжителна, додека централно-десничарската влада планира да го вакцинира мнозинството од населението до средината на годината, пренесува „Гардијан“.

Нацртот на новиот закон ќе го измени постојното законско решение, кое веќе пропишува задолжителна вакцинација против сипаници, голема кашлица и други заразни болести.Задолжителната имунизација против коронавирусот ја предложија пратениците на опозициската Демохристијанска партија, пренесува британскиот весник.

Чиле беше првата јужноамериканска земја којашто започна со имунизација против Ковид-19.
Сантијаго потпиша договори за набавка на вакцини со Астразенека, Фајзер и кинескиот Синовак.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести