Литванија во понеделникот соопшти дека спасувачите го пронашле оклопното возило на четворица исчезнати американски војници кои потонаа во мочуриште на воена обука во оваа балтичка земја минатата недела, без да ги спомене војниците.
Министерството за одбрана соопшти дека литванската воена полиција и американските истражители се уште се на местото на настанот.
„Ќе останеме трпеливи и фокусирани додека собираат повеќе информации за ситуацијата“, објави министерството на социјалната платформа „Икс“.
Голема операција за пребарување и спасување беше започната на 25 март. Ден потоа возилото било лоцирано на длабочина од повеќе од 5 метри.
Четворица војници исчезнаа во вторникот попладне по воената вежба на полигонот Пабрада, лоциран во близина на границата со Белорусија.
Литванската војска и полиција започнаа заедничка операција за пребарување со американската војска за лоцирање на исчезнатите војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во средата навечер објави дека четворица војници исчезнале за време на „планираната тактичка обука“.
„Нема да застанеме додека не се најдат нашите војници“, рече тој.