Home » Четиригодишното дете од Струмица се опоравува од тешките повреди, другите три деца завршија во згрижувачко семејство

Четиригодишното дете од Струмица се опоравува од тешките повреди, другите три деца завршија во згрижувачко семејство

by Журнал

Трите други деца од семејството на четиригодишното девојче од Струмица, кое со тешки телесни повреди е донесено на лекување на клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје веќе се во згрижувачко семејство, информира министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска. Таа вели дека децата се на безбедно, во семејна атмосфера и ќе останат сè додека стручните служби не оценат дека мајката е во состојба да се грижи за нив.

Истрагата за овој случај е во основното јавно обвинителство и засега нема информации за потеклото на повредите на девојчето кое со инфицирани рани и скршени ребра е примено прво во струмичката Oпштa болница, а потоа е префрлено во Скопје.

Во моментот на приемот на детето, констатирано е дека повредите се стари околу две седмици. Мaјката изјавила дека детето е нападнато од куче.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More