На 26 ноември 2024 година (вторник), во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи четириесет и седмата седница на Совет на општина Куманово, по следниот
Дневен ред
Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2024 година;
Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2024 година;
Предлог – Одлука за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово;
Акциски план за одржлива енергија и клима на Општина Куманово;
Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2024 година;
Предлог – Програма за измена на Програмата за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година;
Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „3-та МУБ“, ул. „Страшко Симонов“, ул. „Вук Караџиќ“ и ул. „Орце Николов“ – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;
Предлог – Одлука за измена на Одлуката за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, согласно договорот за услуги од мобилен оператор за потребите на Општина Куманово, основните и средните училишта, јавните претпријатија и јавните установи бр. 37 – 7809/9 од 10.2024 година;
Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;
Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Водовод” – Куманово;
Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта” – Куманово – претставник од Општина Старо Нагоричане.