Home » Четири нови случаи на пертусис, вакциналните пунктови почуваат да работат во две смени

Четири нови случаи на пертусис, вакциналните пунктови почуваат да работат во две смени

by Журнал

Четири нови случаи на голема кашлица, потврди Центарот за јавно здравје- Скопје. Со ова вкупниот број на пертусис се искачи на 26. Во моментов на болничко лекување во Универзитетска клиника за респираторни заболувања Козле има 5 потврдени случаи на пертусис, за три се чека резултат.

Редици родители и деца уште во раните утрински часови пред вакциналните пунктови.

Црвениот аларм кој го вклучи Комисијата за заразни болести, со препорака да биде прогласена епидемија на пертусис на ниво на град Скопје, и препораката да се забрани деца кои не се вакцинирани или делумно вакцинирани да посетуваат градинка го зголеми интересот за вакцинација за три пати во споредба со претходните два дена.

Ваквите турканици се токму поради фактот дека голем број родители го пролонгираа редовниот термин за имунизација, па требаше да се случи епидемија за да дојдат на вакцина, велат медицинските лица.

Вакциналните пунктови веќе од денес започнуваат со работа во две смени, дополнително ќе работат и во сабота од 8 до 14 часот. Станува збор за пунктовите во Ѓорче Петров, Букурешт, Јане Сандански, Ченто, Бит пазар и Чаир.

Градинките ги известија родителите да ги ажурираат податоците за вакциналниот статус во најкус можен рок. Должни се да достават фотокопија од „Картонот за имунизација“ или медицинска потврда која ја издаваат Центарот за јавно здравје и пунктовите за имунизација.

Во текот на наредната недела инспекторите од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат вонреден надзор над сите градинки на територијата на Скопје и воедно информираат дека децата кои имаат развиено симптоми на грип и не се вакцинирани се привремено отстранети од градинките.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk