Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на новиот македонски премиер Димитар Ковачевски со потсетување дека позицијата на Софија за европската перспектива на земјава е конзистентна и јасна.
„Очекувам заедно да работиме за нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на билатералните односи, чиј што развој е од голема корист за граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија“, вели Петков во честитката.
Откако потсетува дека позицијата на Бугарија во однос на европската перспектива на Македонија е конзистентна и јасна, Петков додава дека добрососедството може да донесе сериозни придобивки не само за двете држави, туку и за целиот регион.