Home » Честитка од Африм Гаши за празникот Успение на Пресвета Богородица

Честитка од Африм Гаши за празникот Успение на Пресвета Богородица

by Журнал.мк

Претседателот на Собранието – Африм Гаши денеска по повод празникот 28 Август – Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите православните христијани во земјава.

– Дозволете ми да ви го честитам големиот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Нека празникот ви донесе среќа, здравје и многу радости во вашите семејства. Овие празници се убав момент да се потсетиме колку нашите заемни традиции на почитување на верските празници и обичаи се дел од колективното памтење на нашите граѓани. Нека ваквите празници нè потсетуваат дека секогаш сме стоеле и ќе стоиме во иднина едни покрај други и едни заедно со други – се вели во честитката.

Живееме во времиња во кои, како што наведува, мораме постојано да се потсетуваме на традициите кои ни ги пренесуваат нашите родители.

– Мораме да се потсетуваме за да не заборавиме дека скромноста, искреноста, чесноста и топлината помеѓу луѓето, без разлика на нивната припадност, е составен дел на нашата историја. Тоа сите треба да се трудиме да биде составен дел и од нашата иднина. Нека ви е честит празникот Успение на Пресвета Богородица – се вели во честитката на Гаши.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More