Home » Чешка ги засили мерките поради конкретна терористичка закана

Чешка ги засили мерките поради конкретна терористичка закана

by Журнал.мк

Чешката полиција ги зајакна безбедносните мерки во Прага и е во состојба на готовност поради закани од терористички напади, со зголемени патроли кои ги чуваат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собира голем број луѓе.

– Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Полицијата води истрага поврзана со напади во странство. Осомничениот е уапсен. На луѓето во Чешка не им се заканува поголем ризик – изјави денеска министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

Како што пренесува Бета, чешкиот весник „Млада фронта Днес“ од неофицијални извори дознава дека станува збор за закана од терористички напади врз инфраструктурата, а важат и за други земји.

Чешкиот совет за национална безбедност утре ќе одржи итен состанок.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More