Челси не престанува со купувањето на нови играчи. И покрај тоа што во изминатите две години потрошија многу пари, раководството не планира тука да застане, се до исполнувањето на амбициите, да се врати титулата на „Стемфорд Бриџ“.
Така најново засилување на „сините“ ќе биде еден од најголемите таленти во моментов во европскиот фудбал, Џовани Кенда.
Се очекува овој десен бек на Спортинг Лисабон да се приклучи на Челси во 2026 година, а сумата која што ќе биде платена изнесува 30 милиони евра.
17-годишниот талент веќе имал разговори со тренреот Енцо Мареска, и дал своја согласност да се пресели во синиот тим од Лондон.
Инаку за овој фудбалер беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но клубот од „Олд Трафорд“ ќе остане со празни раце. Кенда работеше под палката на Рубен Аморим, и добро ги познава неговите квалитети, но тој се одлучи да замине во ривалот на „Црвените ѓаволи“.
Кенда е роден во Гвинеја-Бисау, но настапуваше за помладите селекции на Португалија.