Дербито на 12. коло на Серија А меѓу Интер и Наполи заврши без победник (1-1) што дополнително ја направи драматична ситуацијата на табелата каде разликата од првото до шестото место изнесува само два бода.
Двете екипи можат да жалат за победата, Наполи поради тоа што прв беше во водство, а Интер бидејќи не искористи пенал во вториот дел. Резултатот го отвори Мектоминеј во 23. минута, а непосредно пред крајот на првото полувреме Хакан Чалханоглу израмни на 1-1.
Турчинот можеше да биде апсолутен херој на мечот, но место тоа излезе трагичар затоа што во 74. минута не успеа да искористи пенал и топката по неговиот шут заврши во стативата. Интер беше поблиску до триумфот на овој меч, имаше повеќе шанси за гол, но на крајот мораше да се задоволи со ремито.
Наполи го преброди и ова тешко гостување и остана на челната позиција со 26 бода, но зад него се четири екипи со бод помалку, меѓу нив и Интер.