Home » Чак Норис има 84 години, а се чувствува како да има 48

Чак Норис има 84 години, а се чувствува како да има 48

by Журнал.мк

Познатиот акционен актер кој многумина го паметат по неговите исклучителни способности пред камера, Чак Норис, неодамна наполни 84 години. Која е тајната на неговото (не)стареење?

„Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48 години“, изјави Чак Норис на својот Инстаграм профил, додавајќи дека продолжува да спортува и води активен живот.

Својата виталност во деветтата деценија од животот ја должи пред се на физичката активност.

Актерот служел војска во Јужна Кореја, а по враќањето во Америка отворил училиште за боречки вештини.

На неговиот Инстаграм профил можете да видите како и на 84 години се уште боксува.

Она што многумина ги интересира е што јаде Чак Норис, а изгледа како да има половина од неговите години.

Пред четири години доживеал два срцеви удари, а лекарите им рекле дека „двапати починал по 47 минути“.

Чак Норис успеал не само да го преживее сето ова, туку толку брзо се опоравил што за неколку дена бил пуштен од болница.

Ова е списокот на намирници кои Чак Норис ги јаде, пишува LeafyDo.

1. Риба и говедско месо

Оваа храна е полна со протеини, кои се добри за обновување на мускулите. Протеините помагаат и во производството на колаген, што ја прави вашата кожа без брчки и ја зголемува еластичноста.

2. Брокула и спанаќ

Антиоксидансите помагаат во борбата против слободните радикали произведени во телото, особено стареењето, поради што храната како брокулата и спанаќот се есенцијални извори на витамин Ц, витамин Е и бета-каротин.

3. Бадеми и чиа семиња

Антивоспалителните својства помагаат да ја одржувате вашата кожа здрава. Затоа се препорачуваат чиа семки, бадеми и ореви бидејќи содржат омега-3 масни киселини.

4. Бобинки

Флавоноидите се присутни во речиси сите бобинки (како што се боровинки, јагоди и малини), кои се видови на антиоксиданси. Нашата кожа страда од оксидативен стрес, а поради овие бобинки се подобрува еластичноста на нашата кожа.

5. Вода

Хидратацијата е важна за целокупното здравје, по што се води Чак Норис. Со помош на вода, токсините се исфрлаат од телото и ја прават вашата кожа хидрирана.

Во интервју за магазинот The Healthy, Чак Норис еднаш откри тајна храна која му дава дополнителна енергија. Тоа е Ашваганда:

„Оваа супер билка против стареење помага да се зајакне мојата ментална енергија и забележав дека помага во одржување на нивото на енергија во текот на денот“, рече тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More