Чајот од брусница е меѓу најконсумираните чаеви. Ароматниот пијалак приготвен од ова бобесто овошје, кое се смета за суперхрана. Освен со впечатливата црвена боја, тој освојува и со освежителниот вкус и со бројните здравствени бенефиции што ги нуди.
Доколку често се соочувате со бактериски инфекции на уринарниот тракт, веројатно првиот совет кој го добивате е да го зголемите консумирањето на чај од брусница. Постои добра причина за тоа. Оваа бобинка содржи фитохемикалии кои можат да помогнат во превенцијата на инфекции предизвикани од E. coli (Ешерихија коли).
Одржувањето на здрави непца и заби е суштински важно за целокупното здравје, особено ако се земе предвид дека многу болести се поврзани со лоша орална хигиена. Редовното консумирање чај од брусница може да ги зајакне непцата, да го спречи развивањето на бактериите и микробите кои ја напаѓаат усната шуплина, како и да го отежне таложењето на наслаги.
Редовното пиење на чај од брусница може да ја подобри работата на дигестивниот систем, особено ако исхраната ви е богата со месо, како и да ги зголеми добрите бактерии во цревата.
Брусницата е чувар и на кардиоваскуларното здравје. Постојат докази дека таа помага и за снижување на нивото на лош холестерол со што се намалува ризикот од појава на срцеви заболувања.
Во брусницата се крие моќна комбинација на витамини, минерали и антиоксиданси кои асистираат во градењето на силен имунолошки систем.