6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

ЦЕЦА ПОДГОВИ ЗЛАТНА КОЛЕВКА ЗА ВНУКОТ ЖЕЉКО! Сама ја креирала, а вреди илјадници евра!

Најчитани вести

Иако семејството Ражњатовиќ ќе биде проширено во мај, кога снаата на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ ќе го роди синот, подготовките полека започнуваат.

Како што дознава српскиот Курир, Цеца ќе им подари на синот и снаата уникатна колевка за бебето, која е направена со посебни мерки, анатомски правила и материјали што се грижат за здравјето на бебето. На златната колевка ќе биде изгравирано и името на внукот, а колевката ќе поседува и сатен во кралска боја.

Вељко и Богдана се венчаа минатиот месец, а новиот член на семејството се очекува да пристигне во мај.

Оваа вест одлично ги израдува и Вељко и Богдана и беа воодушевени од подарокот што доаѓа за неколку месеци.

„Цеца имаше многу одговорност во подготовките на свадбата и славењето, така што сега кога се заврши, таа реши да се справи со пристигнувањето на нејзиниот внук. Кога дознала дека Богдана е во блажена состојба, сакала да им подари уникатна колевка. Неколку дена траеше само поправката на сите детали кои таа ги додаваше и одземаше пред финалната верзија. Цеца црташе заедно со дизајнерот како ќе изгледа колевката и беше пресреќна, откри близок член на семејството. Цеца се погрижи сè да биде совршено, па затоа детално му објаснила на дизајнерот како сака да изгледа и му нацртала посебни детали. На крајот, тој направи конечна верзија на нејзините скици “. изјавил изворот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести