8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Canon овозможува фотографирање од вселената

Најчитани вести

Наместо да подготви нови камери за CES 2021, Canon избра поинаков пристап, и на корисниците им овозможи да ја фотографираат Земјата од вселената.

Компанијата претстави интерактивна веб-страница, што ја отвора вратата кон сателитот CE-SAT-1, кој е опремен со модифициран 5D Mark III DSLR, овозможувајќи сликање на области како Њујорк, Дубаи и Бахамите. Сателитот е со големина на просечно буре, а беше лансиран во вселената уште во 2017 година. Во себе ја содржи камерата EOS 5D Mark III, која е поврзана со телескоп од групата Cassegrain. Фотографска вселенска опрема орбитира околу Земјата на растојание од 600 километри и нуди резолуција што ја надминува онаа што ја дава сателитот WorldView-4, кој досега предничеше на тоа поле.

Интерактивниот сајт овозможува снимање на слики на различни локации, но се истакнува дека корисниците не фотографираат во реално време, што значи дека направените снимки не се единствени, а процесот служи за демонстрација на резолуцијата и другите перформанси на сателитот. Посетителите можат да го слушнат и гласот на астронаутката Марша Авинс, нараторка кој го објаснува дизајнот и можностите на вградената опрема.

Канон полага големи надежи во микро-сателитите, кои се помали и поевтини за производство, па во 2020 година проба уште едно лансирање кое не помина според планот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести