23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Canalys: Apple се врати на врвот на глобалниот пазар на паметни телефони

Најчитани вести

Apple повторно е на врвот, бидејќи испорача најмногу паметни телефони од сите производители во четвртиот квартал минатата година. Претходно, компанијата повторно го зазеде второто место во третиот квартал, а сега го надмина Samsung и го обезбеди првото место. Сето ова е благодарение на силните продажни перформанси на iPhone 13 серијата.

Aналитичарите на Canalys ги нарекоа испораките на iPhone во континентална Кина „невидени“. Синџирот на снабдување на Apple се опоравува, но сè уште не можеше да произведе доволно iPhone уреди за да ја задоволи побарувачката, па мораше да им даде приоритет на некои пазари пред други.

Компанијата од Купертино не е единствената која се бори со снабдувањето. Canalys предупредува дека на големите производители ќе им требаат години да го прошират својот капацитет за производство на чипови. Како резултат на тоа, производителите на паметни телефони сè повеќе мораат да бараат нови снабдувачи и да ги ребалансираат нивните производни линии за да се фокусираат на најпродаваните модели.

Samsung, кој го држеше првото место во првите три квартали од 2021. година падна на второто место, но е поблиску до Apple отколку во последниот квартал од 2020 година. Ова е природен циклус за Apple – новите iPhone уреди се лансираат во септември или ноември, што води до скок во продажбата, а потоа работите се смируваат и Samsung се враќа на првото место.

Меѓутоа, во четвртиот квартал 2020 година, Apple и Samsung контролираа 23% и 17% од пазарот, додека во четвртиот квартал 2021 година бројките изнесуваат 22% и 20%. Xiaomi, Oppo и Vivo (кои ги заокружуваат Топ 5 производителите) се во рамките на процентен поен во споредба со она што беа пред една година.

Проблемите во синџирот на снабдување го попречија растот на пазарот, па кварталните испораки за четвртиот квартал минатата година беа само 1 процент повисоки отколку во истиот период во 2020 година. Недостигот на компоненти ќе почне да се намалува дури во втората половина на оваа година, предвидуваат аналитичарите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com