18 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Cтоилковски: Јавните здравствени институции се задолжуваат како никогаш досега

Најчитани вести

Задолжувањата на државата станаа секојдневие, а тројката Заев, Филипче, Дончев се синоним за расипништвото и за криминалот во здравството. Јавните здравствени институции деновиве се задолжуваат како никогаш досега на примарно, на секундарно до терциерно ниво, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Сето ова, додаде тој, го прават на крај на годината кога треба да се реализирани плановите за јавни набавки.

„Или можеби не успеале да испланираат добро? Ова го прават и во период кога според политичкиот договор на 3 јануари Заев си оди од премиерската фотелја, започнува техничката влада, започнува период кога на 12 април треба да има избори. Оттука министерот за здравство, Венко Филипче треба да даде одговор. Дали е запознаен со овие јавни набавки? Понатаму, зошто сега и што се се набавува, освен нели она што е неопходно за пациентите да добијат соодветна услуга? Трето, дали ова е само план како парите да завршат во џебови на блиски на СДСМ?“, праша Стоилковски.

Според него, тенденцијата на задолжувања во јавните здравствени институции е факт.

Тој обвини дека Зоран Заев и Венко Филипче освен спорните набавки, деновиве биле ангажирани и во, како што рече, незаконска трансформација на работниот однос на лица ангажирани во министерство за здравство.

„ВМРО-ДПМНЕ оттука ги предупредува сите раководители во здравството дека за сите незаконски дејствија кои што ќе се преземат и кои што ќе бидат направени во претстојниот предизборен период одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси. Сите постапки ќе бидат разгледани и ќе се преземат мерки против сите оние на кои партиските наредби од Заев и Венко Филипче им биле поважни од законите на Република Македонија“, рече Стоилковски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести