2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

bZ4X Concept – поглед во електричната иднина на Toyota / ФОТО+ВИДЕО

Најчитани вести

Јапонскиот производител Toyota го искористи тековниот автосалон во Шангај за да ги потврди своите намери да влезе во сегментот на електрични кросовери. Компанијата го претстави својот концептен модел bZ4X, кој за некои пазари ќе стане сериски веќе во 2022 година.

Електричниот автомобил ќе се произведува во Јапонија и Кина, но исто така ќе биде достапен и во Европа и САД. Сега за сега, Toyota не открива никакви технички детали за кросоверот, што е заеднички развој со Subaru и е изграден на платформата e-TNGA наменета за електрични возила.

Дизајнот на BZ4X импресионира со малата шестоаголна решетка на предниот дел од возилото, комбинирана со тесните фарови со по четири LED елементи и лента за дневни светла. Слична светлосна лента минува и низ задниот дел, давајќи футуристички изглед на задната оптика.

Внатрешноста се потпира на дигитална инструмент група распослана пред возачот. На горниот дел од централната конзола се наоѓа широк екран од инфо-забавниот систем. Погонските режими се контролираат преку специјален контролер, а асистент системите за возачот имаат копчиња.

Ознаката „bZ“ значи „над нулата“ и Toyota ќе ја користи за сите електрични автомобили во новото семејство, чиј прв член е токму овој кросовер. Компанијата веќе ги има регистрирано трговските марки од bZ1X до bZ5X, како и сите тие во верзија без „X“, што сугерира дека овие верзии нема да имаат погон на четири тркала.

Плановите на Toyota се пополнување на семејството bZ до 2025 година со 7 модели кои ќе бидат достапни на глобално ниво. Освен нив, во овој период ќе бидат лансирани уште 8 електрични автомобили (еден од нив ќе биде пикап за американскиот пазар), а зацртаната цел на компанијата е вкупно 70 модели на марката да добијат некаква форма на електрификација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com