Home » BYD ги објави првите фотографии од хечбекот Seal 06 GT

BYD ги објави првите фотографии од хечбекот Seal 06 GT

by Lina Muslija

Новиот BYD Seal 06 GT ќе се натпреварува со останатите електрични модели во таканаречената Golf-класа.

 

BYD забрзано го проширува портфолиото на продукти, а најновиот модел е токму новиот Seal 06 GT.

Инаку, Seal 06 GT е замислен да биде конкурент на електричните возила во таканаречената Golf-класа, иако со должина од 4630 милиметри е не-баш-незначителни 30-тина сантиметри поголем од просекот во класата. Поставен на e-Platform 3.0 платформата на BYD, која пак овозможува конфигурации со еден или два електромотори и погон на задните, односно на сите четири тркала.

Според непотврдени информации кои се појавија на Интернет, можеме да очекуваме околу 220 коњски сили за верзијата со еден мотор и погон на задните тркала, односно 420 коњски сили за верзијата со два електромотори и погон на сите четири тркала.

BYD планира да го лансира Seal 06 GT прво на домашниот пазар, но неофицијалните најави се дека кинескиот гигант планира електричниот хечбек да го продава ширум Европа и Азија, но и во Австралија.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk