14 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Bugatti Chiron постигна скоро 500 километри на час!

Најчитани вести

Bugatti повторно влегува во книгите за рекорди – со „прототип кој е скоро подготвен за сериско производство“ ја надмина границата од 300 милји, односно скоро 500 километри на час!

Bugatti го постави рекордот на 2ри Август на Ehra-Lessien тест-патеката на Volkswagen, a зад управувачот беше Andy Wallace, официјалниот тест-возач на Bugatti.

Според она кое го кажуваат од Bugatti, автомобилот кој го нарекуваат „прототип кој е блиску до сериско производство“ е цели 25 сантиметри подолг од стандардниот автомобил, а истовремено добива и редизајниран издувен систем, го нема задниот спојлер а предниот браник е редизајниран со поголеми и поагресивни отвори за воздух. Познавачите кажуваат дека ова е всушност Bugatti Chiron Super Sport кој се очекува наскоро да биде официјално претставен.

Малку е поработено и на моторот, па тој сега испорачува 1600 коњски сили, а во целата процедура беа инволвирани и Michelin кој подготвија специјални пневматици. Резултатот до сето тоа е 304.773 милји на час, односно 490.484 километри на час.

Претседателот на Bugatti – Stephan Winkelmann – изјави дека ова е последниот рекорд кој Bugatti ќе се обиде да го постави – „Неколку пати покажавме дека ги правиме најбрзите автомобили во светот, и во иднина ќе се посветиме на другите нешта околу автомобилите.“

Погледнете како изгледаат скоро 500 километри на час!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com