Home » Бугарските пратеници во трет обид да изберат претседател на Парламентот

Бугарските пратеници во трет обид да изберат претседател на Парламентот

by Журнал.мк

Бугарските пратеници претпладнево ќе одржат нова седница, што ќе биде трет обид да изберат претседател на 51. Народно собрание.

Веќе беа направени два неуспешни обиди за избор на претседател на Народното собрание – на отворањето на новиот парламент на 11 ноември и еден ден подоцна.

На 13 ноември пратениците повторно не успеаја да се договорат кој да раководи со институцијата, па состанокот беше прекинат, јави БТА.

За функцијата беа предложени пет кандидати – Андреј Цеков од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), Петар Петров од „Преродба“, Наталија Киселова од „БСП – Обединета левица“, Николета Кузманова од „Има таков народ“ и Раја Назаријан од ГЕРБ-СДС.

Раја Назарјан и Андреј Цеков излегоа на втор круг во двете постапки за избор на претседател, но ниту еден од нив не го доби потребниот број гласови.

На неодамна одржаните парламентарни избори во Бугарија, партијата ГЕРБ на Бојко Борисов доби најмногу гласови, но недоволно за самостојно да формира владa.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk