Бугарските пратеници денеска се очекува да гласаат за новиот кабинет на мандатарот Росен Жељазков, кој го предаде предлогот за состав на владата на претседателот Румен Радев.
Кабинетот ќе се состои од премиер, тројца вицепремиери и 19 министри, од кои 11 се од ГЕРБ-СДС, а по четири од „БСП – Обединета левица“ и ИТН.
Партијата ДПС ќе ја поддржи владата без свои министри, обезбедувајќи поддршка од 126 пратеници.
Владата е формирана по договор меѓу коалициските партнери, кој предвидува можност за смена на министрите доколку не ја спроведат програмата за управување.