Home » Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол

Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол

by Журнал.мк

Бугарскиот амбасадор Желајаско Радуков одбил да ја прими протестната нота за отсуството на македонското знаме на средбата помеѓу претседателите на Македонија и Бугарија. Од МНР за Сител велат дека станува збор за тежок дипломатски гаф и дека протестната нота ќе му биде испратена по дипломатски пат.

Амбасадорот Радуков за Сител кажа дека не му била врачена протестна нота при денешната средба со директорот на директоратот за регионални иницијативи во МНР. Според него не станува збор за никаква провокација од бугарска страна, а средбата на двјацата претседатели била неформална и протоколот не е прекршен.

И бугарскиот претседател Румен Радев, средбата ја оцени како пријателска од неформален карактер.

Според Радев, разговорот со македонската претседателка е добар старт за патот на Македонија кон ЕУ, а Бугарија сака да и помогне во процесот.

Во официјалното соопштение на македонското МНР информираат дека освен барањето објаснување од бугарскиот амбасадор поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, била изразена и загриженост за политичките изјави кои ги давал копретседавачот на историската комисија со Бугарија, Ангел Димитров.

И Македонија и Бугарија остануваат на ставот дека има позитивни тонови за понатамошна соработка меѓу двете земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk