Home » Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова ќе ја посети Софија за да фрли прашина во очите на меѓународните партнери

Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова ќе ја посети Софија за да фрли прашина во очите на меѓународните партнери

by Журнал.мк

Средба Сиљановска – Радев во Софија, дали нотите на оперскиот Шекспир ќе ги стопат цврстите ставови на Бугарија?

Откако во јавноста се прошири информацијата дека шефицата на државата ќе отпатува во Софија, за да присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, но и дека за време на посетата на Бугарија, договорена е средба со Румен Радев – од кабинетот на Сиљановска, без многу детали, потврдија дека средба со бугарскиот претседател ќе има.

– Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност. – велат од Кабинетот на претседателката.

Давкова во Софија, се очекува, да биде во друштво на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, но и на министерот за култура Зоран Љутков – кој потврди дека ќе има средба со неговиот бугарски колега. Билатералка меѓу Муцунски и Кондов, засега не е планирана.

И додека македонската делегација се спрема за опера во Софија, од Бугарија пристигнуваат реакции дека не е јасно дали посетата на Сиљановска е одраз на културна дипломатија или само фрлање на прашина во очите на меѓународните партнери кои сакаат да се подобрат односите со Софија и шансите за членство во ЕУ.

– Многу фактори ја отежнуваат ситуацијата. Се надевам дека не е невозможно. Меѓутоа , за да формирате цврста позиција и да ја фрлите ракавицата, може да очекувате дека Софија може многу елегантно да ве одбие, затоа што тоа го прави во изјавите –Вие немате проблем со нас, имате проблем со цела Европска Унија, кога сакате да не се придржувате до она што сме го договориле и потпишале. Затоа сметам дека исклучиво тешка, помалку и наивен е пристапот од наша страна, но, ајде да видиме, можеби се крие некаков притисок или некаква логистика од страна на меѓународниот фактор, да се извлече некаков преседан. – вели Иво Рангеловиќ политиколог.

Сиљановска-Давкова по средбата во Софија, ќе има уште една шанса за разговор Румен Радев, во Обединетите Нации, во Њујорк. Според ротациите во Бугарија, оваа година му е ред на бугарскиот претседател Радев да учествува на Генералното собрание. Во Македонија, пак, сменет е распоредот, а место Мицкоски во ОН, македонската делегација ќе ја предводи Сиљановска Давкова.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk