Home » Бугарската министерка за надворешни работи позитивна на Ковид-19

Бугарската министерка за надворешни работи позитивна на Ковид-19

by Журнал.мк

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска е позитивна на Ковид-19 во екот на нагло зголемување на бројот на новозаразени, соопшти денеска тамошното Министерство за надворешни работи.

Генчовска, која е вакцинирана со две дози, ќе остане под надзор на лекар, а нејзините должности ќе ги извршува заменик-министерката за надворешни работи Ирена Димитрова, соопшти Министерството без да дава дополнителни детали, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани околу 6.250 нови случаи на Ковид-19, односно за 4.334 повеќе отколку во вторникот, се вели во извештајот на бугарското Министерство за здравство.

Бугарските здравствени власти очекуваат сериозно зголемување на бројот на нови заразени во наредните денови, со оглед на тоа што, од една страна, земјата има најмал број на вакцинирани граѓани во рамки на ЕУ, а од друга страна, поради брзото ширење на сојот омикрон.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More