Тој претходно побарал од имиграционите службеници да му помогнат да се врати во Европа. Бугаринот Веселин Христив (48) дошол на аеродромот во саботата видно вознемирен, тврдејќи дека бил жртва на грабеж и дека ги изгубил сите свои лични работи – пасошот и парите, објави Дејли Меил.
Мажот наводно ги молел службениците на аеродромот да му помогнат да се врати во Бугарија, но наместо тоа бил упатен во амбасадата. Откако му било кажано дека нема да може да се качи во авионот, Бугаринот скршил стаклено шише и почнал да си го сече вратот пред многу патници.
Патниците панично врескале додека Бугаринот се сечел, а обезбедувањето се обидело да го грабне за да го спречат да се самоубие.
На вознемирувачката снимка се гледа како мажот се тетерави додека се обидува да побегне од полицијата која се обидува да го зашемети со пиштол за шокирање за да го смири.